Предупредување: Македонија во портокалова фаза - опасност од поплави

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно и ветровито а повеќе места со обилни врнежи од дожд. На места претежно на запад, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во текот на следниот ден. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 22° С.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со повремено засилен јужен ветер и со појава и на ретки грмежи. Температурата до 20° С.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Под влијание на засилено јужно воздушно струење и влажен воздух во следните денови  ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде денес и утре, кога на повеќе места, особено на запад, се очекува да наврнат локално и над 60л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч.). Во среда ќе започне да дува северен ветер кој  ќе предизвика значително опаѓање на температурата. До петок и утринските и дневните температури ќе бидат во опаѓање.

МЕТЕОАЛАРМ

 
 
08.11.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега