ФОТО: Два автомобили и скутер се судрија на Партизанска во Скопје

 

Сообраќајна незгода се случи околу пладне на булеварот „Партизанкси одреди“ во центарот на Скопје, кај Соборниот храм, во која нема повредени, а возилата брзо беа отстранети.

Имено, во сообраќајката учествуваа два автомобили со скопски регистарски таблички марка „Голф“ и „Застава“, а кога тие се удриле, најверојатно моторчето кое е службено возило за доставување пица, не успеало да прикочи и удрило во нив, по што се излизгало.

Полиција изврши увид, а возилата брзо беа отстранети од коловозот. Поради обилниот дожд во главниот град во вторник, сообраќајките како оваа не се реткост.

 
 
08.11.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега