Студена ноќ: Каде вее снег во Македонија во моментов

Студеното време вечерва донесе снег на повисоките планини. Послаби врнежи вечерва се регистрирани на врвовите на Шар Планина и на Бистра.

Времето вечерва е малку до умерено облачно, а слаби врнежи од дожд има во Крива Паланка и Охрид. Дува слаб до умерен ветер од западен и јужен, а во западните и северните делови од северен правец. 

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, претежно во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови повремено и засилен од југозападен правец.

 

 

 
 
09.11.2016 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега