Работилница за усогласување со целите за одржлив развој на ОН

Првата консултативна работилница за усогласување со Целите за одржлив развој на Обединетите нации“ денеска ќе биде отворена во Скопје, како прв чекор во усогласувањето на националните стратегии и политики со „Целите за одржлив развој на Обединетите нации“.

Работилницата ќе ја отворат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Македонија Луиза Винтон.

Организатори се Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Работилницата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, е прв чекор во усогласувањето на националните стратегии и политики со „Целите за одржлив развој на Обединетите нации“. 

 
 
10.11.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега