ФОТО: Снежна идила во Македонија - планините во бело

Снегот дојде во Македонија, побелеа планинските врвови. Како што објави порталот Охрид 1, на планините во Охрид и Струга, дождот премина во снег. Јабланица веќе е во бело руво.

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено за разлика од изминатите денови.
 
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд особено во западните предели, на планините над 1800 метри ќе има врнежи од снег.
Ќе дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
 
Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 16 степени.

 
 
10.11.2016 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега