Со Трамп Македонците без визи во САД

Во име на македонските Американци, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку телеграма до Доналд Трамп изрази искрени честитки за историската победа на изборите за 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави.

-Половина милион Американци имаат македонско потекло. Охајо, Мичиген, Илионис, Индијана, Пенсилванија, Њу Јорк и Њу Џерси се дом на значителен број на македонско-американски заедници. Се надеваме и очекуваме соработка со Вас, г-дине Трамп, со идниот потпретседател Мајк Пенц и Вашата администрација во целост со цел проширување и продлабочување на врските помеѓу САД и Република Македонија… Се надеваме дека во иднина Македонија ќе биде вклучена во безвизната програма на САД., се вели во телеграмата.

ОМД од Трамп побара и да се заложи за прогласување на преговорите за името за ништовни и влез на Македонија во НАТО.

-Пред 12 години, претседателот Буш ја призна Македонија под нејзиното уставно име и ние длабоко се надеваме дека со Вашата помош и лидерство, Обединетите нации конечно ќе ги прогласат таканаречените напори за „преговори за името” како ништовни и неважечки. Исто така ние имаме голема надеж дека Вие ќе помогнете во обезбедувањето на членство на Македонија во НАТО и ќе поддржите еднакви човечки и верски права и слободи на малцинствата во Грција, вклучувајќи ги Македонците и лицата од македонска православна вера, стои во телеграмата.

 
 
10.11.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега