Тинејџерот претепан во Старата Чаршија се бори за живот

На 6 ноември во еден часот по полноќ, на улицата Битпазарска, во близина на кафе барот „Стоп“ по вербална расправија, две деца тешко повредиле 18-годишниот К.С. Децата со умисла го нападнале момчето, го удирале со тупаници во пределот на главата и градниот кош, а тој паднал на земја, здобивајќи тешка телесна повреда, контузии на главата со повреди на мозокот, крвавење, со наполнети бели дробови со течност, по што се бори за живот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Барање за поведување на подготвителна постапка против децата во судир со законот од 14 до 16 години до Судијата за деца при Основниот суд Скопје 1 Скопје поради  постоење на основано сомнение дека сториле дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 ст.3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.  Извршено е испитување на сторителите од страна на судија за деца, издадени се Наредби за вештачење на траги пронајдени и фиксирани на местото на настанот и одземени се предмети кои можат да придонесат во натамошната постапка.

Јавниот обвинител поради сериозноста на стореното кривично дело, достави до судот Предлог за определување на мерката притвор за децата во судир со законот. Судот, решавајќи по предлогот, не го прифати, но изрече мерки на претпазливост и тоа, одземање на патните исправи на двете деца и обврска да не го напуштат местото на живеење.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје интензивно ќе продолжи со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.​

 
 
11.11.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега