Битолчанец си ја паркирал колата - му приредиле хорор

Во 23 часот синоќа во Битола на улицата „Довлеџик“, во дворот од куќата на Џ.М. се одвивала драма. Во подземна гаража, две непознати маскирани лица со ножеви во рацете го нападнале неговиот син, 22-годишниот М.М.

Додека момчето го паркирало возилото, насилниците втрчале во гаражата и заканувајќи му се со ножевите му побарале пари. Откако му одзеле 23.000 денари, 400 евра и мобилен телефон,побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.11.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега