Инцидент во автобус на ЈСП

Вчера попладне во 17 часот, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“, во полиција било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус број „50“ на ЈСП-Скопје. Автобусот, според податоците од полицијата, се движел од Бит Пазар кон Центар, кога во близина на Бит Пазар, десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од селото Орман и Мирковци.

Двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.11.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега