18-годишно момче направи вистинска драма во Скопје

Вчера околу 12:40 часот во Скопје на улица „Крсте Мисирков“ М.С. (18) од Скопје извршил спречување на службено лице во вршење работи од безбедноста.

Поради непрописно паркирање двајца полициски службеници со специјално возило-пајак подигнале автомобил „Голф“, сопственост на М.С. Тогаш М.С. почнал да ги турка и влече по униформата, како и да се оглушува на нивните наредби.

Истиот бил приведен во Полициската станица во Бит Пазар.

 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
11.11.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега