Мртов маж пронајден во амбулантата во Тетово

Во 23 часот и 40 минути во Амбулантата на Интерното одделение Тетово, од страна на вработен во централа при Клинички центар Тетово, било пронајдено починато непознато машко лице. При извршен преглед над телото на починатиот, од надворешна страна била забележана крв во пределот на носот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.11.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега