„Левица“ ги достави кандидатските листи до ДИК

Партијата „Левица“ вечерва до Државната изборна комисија ги достави кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

„Левица„ настапува со кандидати за пратеници во пет изборни единици.

- Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори, изјави Здравко Савевски од „Левица“ по поднесувањето на листите.

Во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.

Претходно до ДИК листи поднесоа Коалицијата за промени и правда, ЛП, ПДП и ДПА. 

 
 
11.11.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега