СДСМ ги достави кандидатските листи до ДИК

Опозициската коалиција предводена од СДСМ вечерва до Државната изборна комисија ги достави листите со кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

- Toa e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која што е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата, изјави Стевица Јосифовски, претседател на Правниот сектор на СДСМ.

Коалицијата на СДСМ во првата изборна единица ја предводи Стево Пендаровски, а Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Претходно листи до ДИК доставија Коалицијата за промени и правда, ЛП, ПДП, ДПА и Левица.

 
 
11.11.2016 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега