Доделени грантовите за еколошки истражувачки стории со поддршка на Европската Унија

Здружението на граѓани ЦЕД ФЛОРОЗОН во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“  додели  десет грантови  на  граѓанските  организации од Република Македонија. Финансиската поддршка  е обезбедена преку програмата на Европската Унија за поддршка на граѓанските организации и слободата на медиумите,  а вкупниот буџет за оваа намена изнесува  45000 евра. Преку реализацијата на програмата, ќе се озвозможи  креирање на  истражувачки стории од областа на животната средина и на тој начин ќе се поттикне истражувачкото новинарство, но истовремено,  ќе се зајакнат капацитетите на граѓанските здруженија во делот на комуникацијата и соработката  помеѓу нив и медиумите.  Доделените  финансиски средства ќе бидат искористени за планирање, подготовка, истражување, реализација и продукција на еколошките истражувачки стории, а како носители на активностите ќе бидат локалните невладини организации и медиумите.

 

 Добитници на грантовите се: Eколошко друштво Планетум, Струмица; Здружение центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Пехчево; Здружение Егри, Граѓански центар за одржлив развој, Скопје; Фондација за рурален развој и Демократија Фокус, Велес; Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив, Прилеп; Еко Логик, Скопје; Здружение за одржлив развој Биографија 369, Битола; Здружение на граѓани Академик, Крушево; Новапедија, Скопје; Здружение на граѓани Сведок, Скопје.

 

 Под-грантова шема за доделување грантови на здруженијата на граѓани за еколошки истражувачки стории  ги доделува Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Скопје, во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ . Проектот има за цел да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите преку воведување на иновативни алатки за вмрежување, размена на информации и креирање на услови за финасиска поддршка.

 

 

 

 
 
11.11.2016 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега