Протест на вработените: Југохром не работи а Тетово и натаму е најзагаден град во Европа

Вработените во фабриката Југохром, која се затвори поради наводно преголемо загадување денеска го блокираа автопатот Тетово-Скопје.

Тие се противат на одлуката со која Државниот инспекторат за животна средина ја затвори фабриката и бараат да се најде решение, бидејќи на овој начин околу 700 работници остануваат без работа. Од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија најавија радикализација на протестот доколку на автопатот ќе трае два часа, ако не им се исполнат барањата на вработените.

“Секоја индустрија загадува, но тврдиме дека Југохром не е најголемиот загадувач во Полошко. Воздухот беше загаден и во зимскиот период, кога компанијата беше затворена. Еве и сега, компанијата не работи, а Тетово останува најзагаден град во Европа. Значи проблемот не е до Југохром,  - велаи Бајрам Амити, претседател Синдикатот на вработените во Југохром

Печките на Југохром беа угасени минатата недела, а над 700 вработени останаа без својата егзистенција.

Тоа не даде никаков ефект. Според ставовите на голем број еколози, како и според резултатите од мерењата во последнава недела, затворањето на фабриката не може да го подобри квалитетот на воздухот во полошкиот регион. Градот останува најзагаден во Европа, а причина за тоа е сообраќајот и загревањето на домовите на тетовчани.

 

 

 
 
12.11.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега