„Давај ги парите или ќе те убијам“ - вооружен напад во спортска обложувачница во Скопје

Спортска обложувачница на улицата „Тале Христов“ во Скопје синоќа околу 22 часот е ограбена од страна на маскиран и вооружен сторител.

Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200 илјади денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
12.11.2016 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега