Трагедија во Македонија - загина маж во својот дом

Педесетгодишен битолчанец ноќеска загина во пожар што изби во неговиот дом.

Пожарот го зафатил третиот кат од куќата, сопственост на Н.Т. на улицата „21-ва“. При гаснењето на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пронајдено опожареното човечко тело.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кога ќе ги утврдат причините за пожарот. 

 
 
12.11.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега