ВО ЖИВО: Конвенција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата '' За подобра Mакедонија" - ќе се објават пратеничките листи

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 15 часот на Конвенција во Метрополис арена на Скопски саем ќе ги објави листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Како што најави партиската прес-служба, на конвенцијата обраќања ќе имаат носителите на изборните единици и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Инаку, Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа до ДИК ги поднесе кандидатските листи за пратеници. За носител на листа во Првата изборна единица е предложен Никола Поповски, во Втората Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

 
 
12.11.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега