ВМРО-ДПМНЕ: Голем е стравот на Заев откако сфати дека ќе мора да сноси лична одговорност за се што и направи на Македонија

 ВМРО-ДПМНЕ реагираше на пишаната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев за кандидатските листи на Коалицијата „За подобра Македонија“.

- Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и направи на Република Македонија. Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ во изминатиот период правела се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и криза. 

- Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција. 

 
 
12.11.2016 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега