Гостивар: Го викнал соседот да му помогне па го избодел со штрафцигер

Вистинска драма се одивала во Гостивар, кога двајца соседи се испокарале околу олук. Според податоците од полицијата,55-годишниот Џ.Д. од Гостивар повикал негов сосед да постават олук на неговата куќа, но истиот не бил поставен како што се договориле. Кога гостиварчанецот видел дека олукот е поставен спротивно о договорот, му се јавил на соседот да се видат, но истиот бил зафатен, а кога дошол околу 17 часот видел дека олукот бил искршен.

Насилникот отишол во дворот на Џ.Д. каде настанала вербална расправија, по што соседот со нога му направил оштетување на неговото возило „Застава 101“. Потоа Џ.Д. зел шрафцигер и го нападнал соседот, нанесувајќи му исекотина во пределот на рамото.

Сосед ги разделил и спречил да се случи трагедија.

 
 
14.11.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега