На прилепчанец му се запалило возилото- за малку ќе изгорела и куќата

Околу 03 часот во Прилеп, на улицата „Сотка Ѓорѓиоски“ настанал пожар во возило „Фолксваген Голф 5“ со прилепски регистарски ознаки, кое му припаѓало на 34-годишниот С.Б.

Возилото изгорело во дворот на куќата и било забележано од страна на такси возач кој веднаш пријавил во Територијалната противпожарна единица Прилеп и го разбудил сопственикот.

Од страна на пожарникарите пожарот бил локализиран и било спречено негово проширување на целото возило и на куќата. Од пожарот скршени се стаклата од прозорец и стопени се ролетните. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
14.11.2016 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега