Трагедија во Маврово: Ќерката и паднала од раце и се удавила

Жена со ментална попреченост од село Скудриње, општина Маврово-Ростуше, загинала откако паднала во реката во близина на селото и се удавила, информира МВР. Несреќата се случила во саботата вечерта, кога Невзија Махмуде (50) околу 21 часот со својата мајка Махмуде (70) излегла од семејната куќа и тргнала кон месноста Сисвети во близина на селото. Kога мајката и ќерката се обиделе да ја поминат Долна Река, ќерката паднала во водата. Мајката веднаш се обидела да ја извлече ќерка си, но безуспешно. Тогаш отишла до блиската куќа од каде што побарала помош. Соседот М.М. (40) и уште две лица отишле до реката, ја извадиле давеничката и и дале прва помош. Бидејќи жената не давала знаци на живот, ја завиткале во ќебе и ја однеле во куќата каде што повикале доктор. Матичниот доктор пристигнал во куќата, но констатирал смрт без знаци на насилство. По несреќата братот на Невзија, Р.Ш. (47), се јавил во полициското одделение во Ростуше и пријавил за несреќата. Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар извршиле увид, а вешто лице од судска медицина констатирало дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување.

 
 
14.11.2016 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега