Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал

Во третиот квартал годинава откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1,2 процента во однос на третиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11,6 проценти, а кај  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 21,9 проценти. 

Зголемен откуп и продажба статистиката евидентира кај житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намален кај индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот. 

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули,  додека во август и септември е забележано опаѓање.

 
 
15.11.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега