Арсовска-Томовска на саемот во Барселона: Министерката направи увид на паметните училници кои ќе ги има и во земјава (ФОТО)

По потпишувањето на Договорот за економска и техничка соработка во Рига помеѓу Кина и Македонија, официјално започна спроведувањето на проектот „Македонска едукативна мрежа“ (Macedonian Education Network Project).

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска деновиве учествува на светската конференција „Смарт сити“, која се одржува во Барселона, каде што беа презентирани паметните училници кои кинеската влада ќе ги донира во средните училишта во Град Скопје.

arsovska-jpg1

За време на презентацијата беше остварена комуникација во реално време со тренинг-центарот во Кина, кој е во сопственост на изведувачот на проектот „Хуавеј“.

Министерката имаше можност да го користи софтверот преку кој учениците ќе ја следат наставата, а професорите полесно ќе ја предадат планираната наставна програма, ќе спроведуваат тестови или брзи квиз-прашања, како и презентација на најдобрите решенија од учениците за време на часот.

arsovska-jpg2

За време на конференцијата, министерката оствари средби и со претставниците на „Дојче телеком“ кои го презентираа паметното решение за отворени податоци и решението за полнење на електрични автомобили.

 
 
15.11.2016 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега