Времето од ден на ден се повеќе изненадува, морате да видите што не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има услови за појава на ниска облачност и слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, претпладне со ниска облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните денови не се очекува промена на времето, освен во деновите од викендот кога ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бележат постепен пораст. 

 
 
15.11.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега