СИТЕЛ: Утврден бројот на гласачи од дијаспората

По  листите на СДПМ, ДИК ги отфрли и предложените кандидати од НДМ. Со образложение дека истите се со низа неправилности надвор од изборната трка се седум листи на партијата на Јанко Бачев. Низа реакции и негирања пристигнаа од неговата партијата. Бачев обвини дека оваа одлука на ДИК се должи на правна неписменост на членовите или на партиска директива да одлучат според логиката на политиката а не според правото. Според ДИК партијата на Бачев за четвртата  изборната единица предложил 21 наместо 20 кандидати и во седмата наместо три предложени биле четири  кандидати од кои за еден не било доставено државјанство и лични документи а истиот не бил ниту регистриран во изборниот  список.  ДО истекот на рокот во ДИК беа поднесени кандидатски листи од 12 коалиции и партии. По одлуката да се  отфлат две партии од изборната трка граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу 10 партии и коалиции.  За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, коалицијата  за промени и правда, опозициската коалиција предводена од  СДСМ, ВМРО за Македонија , Алијанса за албанците со движењето за реформи ДПА, УНИТЕТИ и НДР, и партиите ДУИ, ДПА ПДП, ЛП, Левица и БЕСА.  

Партијата на Јанко Бачев НДМ има право во рок од 24 часа пред Управен суд да ја обжали одлуката на Комисијата.

Утврден е и бројот на гласачи од дијаспората. Од вкупно 21 029 поднесени пријави , на 11 декември со својот глас ќе одлучуваат и 20 591 граѓанин од дијаспората.  Гласањето ќе можат да го остварат во 41 дипломатско – конзуларни претставништва на РМ во странство.

Свои кандидати имат ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО за Македонија и ДУИ

Над 4000 граѓани за гласање се пријавиле во Берн и Венеција и над 3 000 во Венеција Италија,  каде ДИК информираше дека ќе бидат отворени дополнителни избирачки места.  Со над илјада пријавени во дијаспората има и во Детроит и Њујорк, САД, во Мелбурн, Австралија, и во италијанскиот главен град Рим.

На престојните предвремени парламентарни избори за  првпат гласачко место ќе биде отворено и во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

 
 
15.11.2016 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега