Вечерва Вардар и Силекс ќе си ги одмерат силите

Денеска ќе започне 27.коло во Првата македонска фудбалска лига со натпреварот  Вардар - Силекс на арената „Филип Втори“ во 20 часот.

Вардар со евентуална победа над последно пласираниот Силекс ќе се врати на врвот на табелата, баерм до утре за кога се закажани останатите четири средби од овој круг. 27.та рунда попладнево од 16 часот во Кичево ќе ја отворат Напредок и Шкендија.

Двојките за утре се: Хоризонт Турново - Тетекс, Брегалница - Дрита, Металург - Ренова и Работнички - Пелистер. Почетокот на сите натпревари е во 16 часот. Табела: Хоризонт Турново 50 бодови, Вардар 49, Металург 48, Шкендија 39, Ренова 38, Напредок 37, Работнички 37, Брегалница 31, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21 и Силекс 19. 

најчитано сега