Утрово Скопје најстуден град - Македонија окована во студ

Времето денеска ќе биде сончево но многу студено. Утрово е најстудено во Скопје, каде се измерени -3 степени, потоа -2 Струмица, Тетово, Демир Капија, Гевгелија, -1 Битола, Прилеп, 0 Крива Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар, Куманово, 1 Пожаране, 2 Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид, 3 Крушево, 4 Берово и Тополчани.

Времето денеска претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максимална температура  од 11 до 18.

Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура до 13 степени.

 

 

 

 
 
18.11.2016 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега