ОБСЕ донира компјутери и монитори на МВР

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи прими донација од 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори  од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Донацијата ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.

Оваа донација, како што соопштија денеска од МВР,  е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на Унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која, како што се вели, цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации.

- Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата, стои во соопштението од МВР. 

Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР. 

 
 
18.11.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега