УМС: ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти за младите за разлика од СДСМ

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ изминатиот период активно работеше на промоција на програмата за млади. Промовирајќи ја програмата претставниците на УМС правеа споредба што Унијата на млади сили прави за младите, а што подмладокот на СДСМ понудија во овој период.

Во тој контекст разликите се видливи наместо бројните проекти на ВМРО – ДПМНЕ младината на СДСМ не понуди ниту еден конкретен проект.

ums

Денеска подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ од општинскиот комитет Гази Баба постави две паноа на кои ги закачуваа многубројните проекти што во изминатиот период ги промовираше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

ums2

 ums3

-Денеска поставивме пано каде што на едната страна ги поставивме проектите за млади што ги реализира ВМРО – ДПМНЕ, додека на другата страна закачивме празни листови кои ја отсликуваат програмата за млади на СДСМ, појаснија претставниците на УМС Гази Баба.

ums5

 ums6

На паното се најдоа мерките за бесплатен автобуски и железнички превоз, намалена партиципација, изградба на нови спортски игралишта, сали и уште многу други проекти кои се дел од програмата за млади на ВМРО – ДПМНЕ.

ums1

Во изминатиот период исти ваква акција организираа и младите од Куманово, Ѓорче Петров, Кочани, Бутел и Старо Нагоричане.

 
 
18.11.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега