Мега популарниот холивудски актер Илајџа Вуд утре доаѓа во Скопје

Wooden Wisdom доаѓаат во Скопје. После поместувањето на датумот и наместо на Здраво Млади еве ги на затворање на годинешното, 15-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS, на 19. ноември со почеток од 23:00.

Wooden Wisdom се двајца DJ-и - Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!

Билети по цена од 200 денари веќе во продажба на Билетарница МКЦ или преку продажната мрежа на МК Тикетс.

 
 
18.11.2016 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега