Делови од Центар и Чаир утре без вода

Корисниците од улиците „Павле Илиќ“ и „Крсте Асенов“ утре од 9 часот нема да имаат вода, соопшти РЦУК на Град Скопје.

Мал ќе биде и притисокот на вода кај дел од населбите Чаир и Топаанско Поле.

Причина за прекинот и намалениот притисок дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 300 мм на булеварот „Втора Македонска бригада, спроти Поликлиника Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без вода од 09:00 часот ќе останат и корисниците од улиците „Ленинова“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирхов“ и потегот од Соборен Храм до булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Центар.

Прекинот е поради дефект на шибер на водоводна мрежа со пречник од Ф – 100 мм на крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“ со улица „Дебарца“.

 
 
19.11.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега