Малолетник итно на Неврологија во Скопје по страотна сообраќајка

Во текот на вчерашниот ден се случила уште една страшна сообраќајна несреќа во Македонија, кога се судриле автомобил и мопед.

Како што информираат од полицијата, во 12 часот и 35 минути на општинскиот пат помеѓу селата Нивичани-Пантелеј во Кочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Форд Фокус“, управуван од страна на 28-годишниот Д.К. од Кочани и мопед управуван од 17 годишен малолетник од селото Нивичани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој итно бил префрлен на Клиниката за неврологија во Скопје.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

 
 
20.11.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега