Полицаец од Охрид дивеел додека не бил на должност

Во 16 часот и 50 минути во полициската станица во Охрид, 45-годишниот С.Н. пријавил дека истиот ден околу 16 часот и 20 минути, додека со неговото такси возило бил паркиран на улицата Јане Сандански пред маркет, бил излезен од возилото кога кон него се упатил С.С. инаку полициски службеник од СВР Охрид.

Како што информираат од полицијата, полицаецот кој во тоа време не бил на должност, помислил дека охриѓанецот му го фотографирал возилото, и почнал да го навредува. Кога С.Н. го запрашал дали е свесен што зборува, С.С. продлжил со навредите и заканите, сакал да влезе во возило, но С.Н. му рекол да почека да дојде полиција, по што С.С. со рака замавнал и го удрил оштетениот во пределот на брадата, по што со своето возило го напуштил местото на настанот.

За настанот е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 
 
20.11.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега