Градовите на истокот полека заживуваат - невработеноста на досега најниско ниво

 

Изминативе десет години, Македонија доживеа период на економска преродба, која резултираше со пад на невработеноста и зголемување на стапката на вработеност. Од рекордна стапка на невработеност од 38,1% во 2005 година, за време на владеењето на СДСМ, стапката на невработеност падна на рекордни 24 % во 2016 година, како резултат на успешната економска политика на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години.

Градовите од крајниот исток на државата, беа градови кои најмногу ја почувствуваа тешката транзиција спроведена од СДСМ, со која над 200.000 луѓе останаа без работа и без средства за  основна егзистенција. Ваквата слика почна полека но сигурно да се менува од 2006 година па навака, од кога ВМРО-ДПМНЕ  ја превзеде власта во државата.

Кочани еден од поголемите градови во тој дел од државата, кој во 2005 година имаше рекордни 8 859 невработени лица, во 2016 година бројката на невработени се намали на  4 221 лица, што значи пад за 52,35% и е показател на успешноста на економските политики на Владата. Во исто време бројката на вработени од 6 778 лица во 2005 година, се зголеми на 11 346 врааботени лица во 2016 година.

Делчево и Македонска Каменица како мали градови кои во 2005 година имаа 3 103 и 2 000 невработени лица поименично во 2016 година бројката на неврабаотеност се намали на 2 150 и 914 невработени лица наизменично.

Берово исто така е еден од градовите кој најболно ја почуствува транзицијата на СДСМ, која остави илјадници луѓе на улица без скршена пара во џебот и е една од општините кои имаат најмногу потреба од  работни места. Од 2 749 неварботени лица во 2005 година , бројот на невработени лица во 2016 година падна на 1 402 лица.  Трендот на намалување на невработеноста е забележителен и во Пехчево, каде од 1 193 невработени лица во 2005 бројот на невработени се намалил а 527.

Успешна приказна  за креирање на нови работни места пред се е Виница, град кој во 2005 имаше 3 643 регистрирани невработени лица, бројка која во 2016 година се сведе на 1 938 или пад за 46,80% на невработеноста во градот препознатлив по многуте мали и средни бизниси, во исто време вработеноста се покачи од 3 241 на 4 689 регистрирани вработени лица.

Позитивните трендови на раст на економијата и пад на невработеноста се очекува да продолжат и во иднина, ако се земе во предвид позитивната економска политика која ја води Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Позитивната бизнис клима ја препознаа и светски реномираните финансиски институции, па така Македонија според извештајот „Доунг бизнис“ на Светска банка е рангирана на 10 место за водење бизнис во светот, а на 5 место во Европа, пласирана пред  многу земји членки на ЕУ и развиени земји од западната хемисфера, тоа се должи на ефективните економски политики и намалените давачки за отворање и водење бизнис.

 
 
20.11.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега