Ужас во Кочани: Малолетничка два пати силувана

Триесет и едно годишната С.М. од Кочани вчера пријавила дека пред два дена нејзината 14 годишна ќерка била два пати силувана.

Според пријавата И.М. од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.

Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.

Истрагата треба да покаже како девојчето се нашло во автомобилот на И.М. а полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на случајот.

 
 
21.11.2016 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега