Кривопаланчанец го затрупала земја - починал на лице место

Трагедија ја потресе Македонија, кога 38-годишен маж од Крива Паланка загина при ископ на канализација. Се работи за Ј.С. од Крива Паланка кој загинал кога при ископ на канализација на улицата „Димитар Влахов“ паднал и бил затрупан со земја. За жал, му немало спас и починал на лице место.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 
 
21.11.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега