Мртов маж пронајден во стан во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 14 минути од лекар од домашна посета било пријавено дека истиот ден околу 10 часот на линијата 194 им се јавило непознато лице и пријавило дека во стан на булеварот „Видое Смилески Бато“ има починато лице.

Како што информираат од полицијата, од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт на 46-годишниот Д.Ц. Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил извршен разговор со 72-годишниот Љ.К.  со стан на наведената адреса, инаку тетка на Д.Ц. Притоа, било констатирано дека истиот пред две недели дошол да престојувал кај неа. Откако во 08 часот и 40 минути почнал да му ѕвони алармот од телефонот, истата се обидела да го разбуди, но забележала дека не давал знаци на живот, по што веднаш повикала Брза Помош.

За настанот известен бил и Јавен обвинител, по чија  наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 
 
21.11.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега