Страшна сообраќајна несреќа во Охрид

Уште една страшна несреќа во Македонија, во 11 часот пријавена е сообраќајна незгода која се случила вчера во 06 часот и 30 минути во Охрид на улицата  „7-ми Ноември“ помеѓу автобус „Икарус“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот Б.Б. од селото Пештани, охридско и велосипед „Пони“ управуван од 64-годишниот Б.Т. од селото Велгошти, охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

 
 
22.11.2016 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега