Откриено од што починала трудницата во штипската болница

Токсичен шок најверојатно е причината за смртта на родилката во Штип и нејзиното бебенце. Лекарите од Штипската Клиничка Болница велат дека дале се од себе и се бореле за животот на 26-годишната мајка и нејзното бебе, но не успале да ја спасат.

И од МВР вчера информираа дека  во 15 часот и 40 минути телефонски во полиција се јавил лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип и пријавил дека за време на породување починало непознато женско лице.  

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за 26-годишната Н.К.Б.од Штип, која со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

По извршената реанимација бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.

 
 
23.11.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега