Претепан лекар од Итната помош во Тетово

Лекар од Брзата Помош во Тетово бил нападнат од страна на пациент. Според податоците, се работи за 37-годишниот Ј.И. од Пирок кој бил нападнат од 21-годишен тетовчанец во 4 часот утрото.

Насилникот заедно со мајка му со возило го донеле нивниот татко и сопруг и побарале тој да се прегледа и да му се укаже лекарска помош. Откако Ј.И. го сторил тоа и ги упатил на Интерното одделение, синот А.А. започнал да го навредува, да му се заканува и со отворена дланка го удрил по десното рамо, информираат од СВР Тетово.

Дваесет и едногодишниот А.А. денеска е повикан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

 
 
23.11.2016 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега