Тетовчани можат конечно мирно да спијат - фатен тежок криминалец

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе пријава против 22-годишнитот Џ.И од село Дебреште, гостиварско. Како што информираат од полицијата, лицето се осомничи за осум кривични дела, од кои шест се „тешка кражба“ и две „тешка кражба во обид“. Во периодот од јули до септември 2016 година пријавениот ги сторил кривичните дела на подрачјето на Тетово на тој начин што со употреба на физичка сила и подесен предмет ги обивал вратите на продавници, месари и бутици од каде одземал поголема сума на парични средства и разни предмети стекнувајќи се со противправна имотна корист од 109.600 денари.

 
 
24.11.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега