ФОТО: Општина Центар сече дрва во центарот на Скопје

Денес работници на Општина Центар во строгото централно градско подрачје извршија сеча на многулетни дрва која помина без вообичаената протестна активност на граѓаните кои вообичаено реагираат за оваа појава.

Потсетуваме дека во изминатиот период градоначалникот на општината Центар беше жесток противник и критичар на секое исечено дрво и најавуваше масовно садење во општината. Оваа фотографија покажува дека на терен реалноста е сосема спротивна. 

Согласно со законот, сечењето на дрвата вообичаено се прави со согласности  и дозвола од градот Скопје. Но, овој пат општината ја уништува парковската површина без таква дозвола. 

Како на ова ќе реагираат граѓаните и општината? Дали загрижените скопјани и денес ќе излезат на протест за ова дрво?

 

 
 
24.11.2016 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега