Есма Реџепова итно хоспитализирана во тешка состојба

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова е во болница во тешка состојба. Како што дознава порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, таа била примена во болница вчера, а докторите и денеска се обидуваат да ја стабилизираат нејзината состојба. Нејзините блиски потврдија дека Есма има здравствени проблеми, но се надеваат дека се ќе биде во ред и не сакаат да даваат официјални изјави.

За потсетување, кралицата на ромската музика поради влошена здравствена состојба во болница заврши и пред две години, во декември 2014 кога се пожалила дека ѝ е многу лошо.

 
 
29.11.2016 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега