Прегазен кавадарчанец - итно пренесен на скопските клиники

Со тешки повреди се здобил пешак при сообраќајна несреќа што се случила 20 минути по полноќ во Кавадарци, информираа денеска од МВР.

– Сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците “Страшо Пинџур” и “Блажо Ицев” во селото Ваташа. Патничко моторно возило “форд фокус” со кавадаречки ознаки управувано и сопственост на С.Ц. роден 1996 година во Ваташа, удрило во пешакот Л.Ј од Кавадарци роден 1953 година, појаснија од полицијата.

Тешко повредениот пренесен во кавадаречката болница, а оттаму на Клиничкиот центар Скопје.

 
 
30.11.2016 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега