Прегазено детенце пред Зелениот Пазар во Скопје

Страшна несреќа се случи вчера кај Зелениот пазар во Скопје кога во 12 часот и 30 минути, на улицата “Александар Урдаревски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило  управувано од засега непознат возач и пешак – дете на возраст од 7 години од Скопје.

По незгодата возачот со истото возило го пренел пешакот до амбулантата во населбата Бутел, по што исчезнал, а повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во Св.Наум Охридски, каде биле констатирани тешки телесни повреди меѓу кои скршена лева клучна коска на рамото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
30.11.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега