Маж почина во страшна несреќа кај скопските Клиники

 

Едно лице починало како последица на сообраќајна незгода што се случила на паркингот на Клиниката за стоматологија на Клиничкиот центар во Скопје. 

Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила вчера околу 9 часот и 10 минути кога автомобил „Голф“, управуван од 62-годишниот М.К. од Штип удрил во пет паркирани возила.

М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило. Штипјанецот починал додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар. 

 
 
30.11.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега