Во центарот на Скопје се преврте комбе со работници на "Гранит"

Утрово поради невнимателно возење во центарот на Скопје се случи сообраќајна незгода, пренесе Канал 5.

Имено, кај зградата на поранешна Нова Македонија, дошло до судир меѓу автомобил марка „голф“ и комбе марка „мерцедес“ на фирмата Гранит, со кое се превезувале работници од истата.

Според очевидците, неколкумина работници завршиле со полесни повреди при сообраќајната несреќа.

Извор: Канал 5

ФОТО: Денешен

10:41

најчитано сега