Успешно опериран ракометарот Филип Кузмановски

Успешно е завршен оперативниот зафат врз десната дланка на Филип Кузмановски, ракометарот на скопски Металург, објави неговиот клуб.

Операцијата, која траела два и пол часа, е изведена во клиниката за ортопедија „Билиќ Визион“ во Загреб, а ја извршил проф. др. Ранко Билиќ.

– Операцијата траеше подолго од предвиденото, но е целосно успешна и јас се чувствувам добро. Контрола ќе имам во вторник, а вечерва се враќаме во Скопје – кратко изјави Кузмановски.

 
 
02.12.2016 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега