Пожар му избувнал во дневната - драма во кумановско
Во 12 часот синоќа во селото Режановце, кумановско, од непознати причини настанал пожар во куќата на 55-годишниот З.М. кој не бил во куќата. Од пожарот целосно е изгорена дневната соба со инвентарот.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот е локализиран. Причините за настанување на пожарот, како и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.
04.12.2016 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа